Министерството за надворешни работи на Македонија нема коментар за „транзитот“ на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, која синоќа од Приштина дојде во Скопје, за потоа да се врати во Софија.

– Доколку Бугарите не се вклучат во Уставот, преговорите на Македонија со ЕУ нема да почнат, потенцира Јотова, која на враќање од Косово беше во Скопје на средба со претставници на бугарската заедница во земјава.

На средбата што се одржа во бугарската амбасада во Скопје, Јотова рече дека Бугарија нема да прави отстапки.

– Ако Бугарите не бидат вклучени во Уставот, ви велам, нема да има напредок во разговорите на С. Македонија за европско членство. Нема да има меѓувладина конференција, нема да има извештај од Европската комисија и мисијата на ЕК, со кои ќе почнат вистинските разговори, рече Јотова.

Од МНР не ја коментираат изјавата на Јотова, но во врска со гласините дека таа ја остварила посетата без најава, велат дека посетата била најавена по дипломатски пат прек Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

– Ве информираме дека во врска со престојот на потпретседателката не се побарани средби или други програмски содржини и нејзиниот престој и транзит низ државата го организира Амбасадата, велат од Министерство за надворешни работи, на чие чело е министерот Бујар Османи.

Посетата на Јотова се случува во време на зголемени тенизи меѓу двете држави.