Во Министерството за надворешни работи претпладнево ќе биде одржан работен појадок на шефот на дипломатијата Бујар Османи со амбасадорите на Бугарија Ангел Ангелов, на Германија Анке Холштајн, на ЕУ Дејвид Гир и на земјите од Западен Балкан.
Работниот појадок е дел од активностите во рамките на Заедничкото ко-претседавање на Република Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес.
Предвидено е воведните обраќања да имаат Османи, Ангелов, Холштајн и Гир, соопшти МНР.