Бројот загинати во нападот врз зградата во која се наоѓаа руски војници во Макаевка во источна Украина се искачи на 89, соопшти синоќа руското Министерство за одбрана.
– Бројот на нашите соборци – маченици достигна 89, рече генералот Сергеј Сервриуков во видео-изјавата објавена од руското Министерство за одбрана, осврнувајќи се на нападот на украинските сили извршен на новогодишната ноќ.
Тој објасни дека телата на загинатите се пронајдени во урнатините.
– Во моментов комисијата води истрага за околностите, рече Сервриуков, посочувајќи дека војниците користеле мобилни телефони на локација во домет на непријателот, што е забрането.
Руското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти за 63 убиени војници во нападот извршен за време на новогодишната ноќ, кога е ракетиран објектот каде биле сместени војниците во Макеевка, град под руска контрола во источниот украински Доњецк.
Киев тврди дека бројот на жртвите е далеку поголем, со неколку стотини загинати.
Во Русија вчера се одржаа комеморации за убиените војници. Нивната смрт предизвика шок и поттикна бран критики насочени кон воените власти.