Премиерот на Индија, Нарендра Моди денеска на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка, што се одржува во Узбекистан, имаше средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Моди на Путин му кажал дека „ова не е време за војна“.

Додека рускиот претседател истакнал дека сака што побрзо да заврши судирот во Украина, но „Украинците сакаат да ги постигнат своите цели на бојното поле“. (МИА)