Во својата биографија „На мој начин“, Лука Модриќ зборуваше за најнапнатиот момент помеѓу Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо.

Ситуацијата е од 2013 година за време на натпревар за Кралскиот Куп.

– Бев изненаден од реакцијата на Мурињо. Поведовме со 2:0. Роналдо не ги следеше своите ривали и Жозе беше многу лут на него. Двајцата се расправаа долго време на теренот. Кога отидовме во соблекувалната, го видов Роналдо очаен на работ на солзи. Тој рече: „Јас давам најдобро што можам, и тој постојано ме критикува“. Влезе Мурињо и почна да го критикува Португалецот за неговите должности на теренот. Ситуацијата се вжешти и само интервенцијата на соиграчите спречи вистински конфликт, рече Хрватот.

Жозе пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2010 година и замина во летото 2013 година.