Раководителката на КАРИЛ, Маја Мојсова подетално го објаснува случајот со ракометарот Денис Тот, кој беше нападнат пред дискотеката и каде лекарите потоа се бореа за неговиот живот.

Мојсова е револтирана затоа јавноста вината за овој случај ја сврте кон лекарите, кои направиле се за да го спасат животот на Денис Тот.

Таа на Телевизија 24 уште еднаш повтори дека таа никогаш не кажала дека Тот не бил тепан, туку кога бил примен немал траги на насилство и објаснува дека ако мозокот остане без кислород тој изумира и ако нема циркулација, не може да има видливи повреди.

Тот бил донесен без срцева акција, со ниска сатурација, без притисок. Веднаш бил интубиран се анимирал со масажа на срце и адреналин.

– Од клиника се јавуваат во МВР и за млад и за стар човек, МВР треба да знае дека во тој момент непознато лице починало со сомнителна смрт. Сме виделе натепани луѓе, луѓе повредени во сообраќајки. На телото нема модринки, скршеници, повреди на ребра. Колешката испратила урина за да се откријат супстанци кои го немаше во телото. На коомпјутерот на мозкот имаше жесток оток кој може да биде од повеќе причини. Извадивме и срцеви ензини за да откриеме зошто срцето престанало да работи и секогаш се покачени кога се врши реанимација. Третманот е овој пациент е ист за ваква ситуација. Ноќта помеѓу четвртокот и петок се прават напори да се одржи во живот. Од 8 часот повторно почнува борбата за живот. Тврдам одговорно дека видливи знаци на повреди немаше. Ако нема циркулација, нема да има траги на насилство. На компјутер не се гледа се, длабоките мозочни стуктури не се гледаат. Во петокот кога ми звонеа новинарите, јас седев со семејството на Тот и им ја објаснував причината зошто починал. Телото е пратено на обдукција и ако нам не ни е јасно зошто се случува тоа, телото се праќа на обдукција. – рече Мојсова.

Во одреден момент се појавила срцева акција и Тот бил испратен на компјутерска томографија на цело тело за да утврдат лекарите што причината зошто престанал да дише.

Тот имал жесток оток на мозокот којшто може да настане и поради недостаток на кислород, но не било видливо никакво нагмечување, никакви модринки, скршеници, повреди на ребра.

Таа додаде дека телото на ракометарот било испратено на Судска медицина на нивно барање, а не на барање на обвинителството, за да се утврди зошто настала смртта.

Мојсова побара извинување од обвинителот Бубевски за неговата изјава дека лекарите направиле лоша проценка и го покани да дојде на КАРИЛ за да види како се работи, бидејќи тој не лекар.