Од 12 февруари Државните железници на Молдавија целосно го запираат движењето на приградските возови откако претрпеа огромни месечни загуби поради пандемијата на коронавирусот.

Според компанијата, внатрешниот превоз на патници ја чини молдавската железница помеѓу 9 и 12 милиони леи (околу 500-700.000 американски долари) месечно. Нема финансии и возовите се стари и опасни за патниците.

Во моментов, само три возови сообраќаат во Молдавија, а над 70 отсто од нивните патници се всушност вработени во самата железница.

Во март 2020 година, поради состојбата со коронавирусот, движењето на меѓународните патнички возови, вклучително и оние што донесоа најголеми приходи во земјата, беше целосно запрено.

Сепак, компанијата продолжи да ги исплаќа платите на вработените до пред неколку месеци, кога средствата веќе не беа доволни за тоа. Досега се неисплатени околу три милоиони долари за плати на вработените.