Група американски сенатори од двете партии го претставија нацрт законот за санкции против Русија пред американскиот Конгрес поради ситуацијата со рускиот опозиционер Алексеј Навални, соопшти прес-службата на сенаторот Марк Рубио, републиканец од Флорида.

„Предлог-законот со кој се повикува на одговорност на Русија за малигни активности, наметнува насочени санкции против руски официјални лица, соучесници во дрско кршење на меѓународното право, вклучително и труење и затворање на опозицискиот лидер и активист Алексеј Навални“, се вели во соопштението.

Во вторникот, суд во Москва ја смени условната казна на Алексеј Навални во случајот со проневера Ив Рошер на 3 години и 6 месеци во затвор со средно ниво на безбедност. Тој ќе остане во притвор додека не стапи на сила судската одлука.