За понеделник

Свети Архангеле Божји Михаил, отстрани го од мене со твојот молскавичен меч лукавиот дух кој ме искушува. О, велики архистратиже Божји Михаиле – поразителу на демоните! Порази ги и уништи ги сите мои непријатели, видливи и невидливи, и помоли Го Господа Седржителот да ме спаси и заштити од таги и секакви болести, од смртоносни рани и изненадна смрт, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Освен во понеделник, на свети Архангел Михаил се принесуваат молитви за заштита од крадци, зла, непријатели, природни непогоди, војни и изненадна смрт.

О, свети Архангеле Михаил, светлообразен и страшен војводо на Небесниот Цар! Пред Страшниот Суд, дај ми да се покаам за моите гревови, избави ја душата моја од непријателските замки и приведи ја кон Бога Кој ја создал и седи на Херувими и моли Му се за неа усрдно – со твоето посредување, да ја приведе во место на покој. О, страшен војводо на Небесните Сили, застапнику за сите пред Престолот на Владиката Христос, силен заштитнику на сите луѓе, мудар војнику, крепок војводо на Небесниот Цар! Помилуј ме мене, грешниот, кому му е потребно твоето застапништво, заштитити ме од сите видливи и невидливи непријатели, избави ме од смртниот ужас и ѓаволските привиденија и удостој ме непосрамено да застанам пред нашиот Создател во часот на страшниот и праведен Негов суд. О, сесвети велики Архистратиже Михаил! Немој да ме презреш мене, грешниот, кој во молитва ја барам твојата помош и застапништво во овој век, како и во идниот, но удостој ме таму, заедно со тебе да Го славам Отецот и Синот и Светиот Дух во вечни векови. Амин.

Друга молитва

Господи, Боже Велик, беспочетен Цару, испрати го Господи, Архангелот Твој Михаил на помош на Твоите слуги (имиња). Заштити не Архангеле од сите непријатели – видливи и невидливи. О, велики Господов Архангеле Михаил! Поразителу на демоните, закани им се на сите непријатели кои се борат со мене и направи ги како овци, смири им ги злобните срца и порази ги како прав пред лицето на ветерот. О, велики Господов Архангеле Михаил! Шестокрилен прв кнез и војвода на Небесните Сили – Херувимите и Серафимите, биди ни помошник во сите беди, таги, жалости, во пустина и на море – тивко пристаниште. О, велики Господов Архангеле Михаил! Избави не од секаква ѓаволска прелест, кога ќе не услишиш нас грешните кои ти се молиме и го призиваме твоето свето име. Побрзај да ни дојдеш на помош и сите кои ни се спротивставуваат победи ги со силата на Чесниот и Животворен Крст Господов, по молитвите на Пресвета Богородица, на светите Апостоли, Светиот чудотворец Никола, Светиот, заради Христа јуродив – Андреј, светиот пророк Илија и сите свети великомаченици: светите маченици Никита и Евстатие, и сите преподобни оци наши кои од памтивек на Бога Му угодиле, и сите свети Небесни Сили.

О, велики Господов Архангеле Михаил! Помогни ни нам, грешните (имиња) и избави не од земјотреси, поплави, оган, меч и изненадна смрт, од секое зло, од ласкав непријател, од бура што понесува; избави не од лукавиот занавек, сега и секогаш и во вечни векови. Амин. Свети Архистратиже Божји Михаил, со молскавичниот твој меч отстрани го од мене лукавиот дух кој ме искушува и истоштува. Амин.

О, свети шестокрилати Серафими, принесете ја вашата многумоќна молитва кон Господа, за да ги омекне Господ нашите ожесточени срца, па да се научиме Нему, на нашиот Бог сите да Му веруваме: и зли и добри; научете не да им проштеваме на нашите должници, за и Господ да ни прости нам.

Извор: Преминпортал