Во 20,40 часот во Полициска станица Кисела Вода, 20-годишниот С.Ф. од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 01,45 часот во Скопје на булевар „Борис Трајковски , по претходно телефонски договорена средба, откако излегол од својот дом заедно со уште едно непознато лице насилно го внеле С.Ф. во патничко моторно возило во кое како сопатник била С.Ц., по што додека се движеле физички го нападнале.

Откако истиот изјавил дека е во љубовна врска со С.Ц., С.К. физички ја нападнал истата.

По ова, во населба Керамидница, С.К. и непознато лице го извадиле С.Ф. од возилото и повторно физички го нападнале.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.