„Оскарот“ за најдобар документарен филм синоќа на 92. доделување на наградите од Американската филмска академија отиде во рацете на екипата на филмот „Американска фабрика“. Продуцентката на филмот Џулија Рајхарт се заблагодари што е во друштво, како што рече, на извонредни и храбри колеги документарци.

Зборувајќи за филмот „Медена земја“, таа кажа дека е приказна за Македонија.

Рајхарт е продуцент на првиот филм на продуцентската компанија на Барак и Мишел Обама – „Higher Ground Productions“ и еминетна универзитетска професорка.