-Европската Унија ќе се соочи со прашањето за нејзиниот опстанок доколку од кризата со коронавирусот не излеземе обединети, изјави француската државна секретарка за европски работи Амелија де Монтчалин.
-Мораме апсолутно сите заедно да се подготвиме за излез од кризата и за заздравување, да се подготвиме за периодот по кризата и мораме да покажеме дека сме ефикасни затоа што ќе бидеме заедно, изјави Амелија де Мончалин, пренесена од агенциите.
„Европската централна банка отвори програма од 750 милијарди евра за поддршка на земјите , што е без преседан. Ги укинавме правилата од Пактот за стабилност за дефицитот, што, исто така, е без преседан, прецизираше таа и потсети на планот од 40 милијарди евра на на ЕК.
Монтчалин кажа и дека сега се размислува што да се направи во периодот по кризата.
-Не можеме да се изземеме од таа солидарност. Ако некои мислат дека можат да се изземат, тоа ќе има големи последици по европскиот проект, додаде таа.
-Нашата Европа е Европа од акција, солидарност. Доколку некој тоа не го сака, се поставува прашањето за неговото место, за тоа што 27-те земји треба уште да направат, а тоа тогаш е фундаментално, егзистенцијално прашање, предупреди француската политичарка.
Лидерите на ЕУ во четвртокот се договорија, под притисок на Италија,која е во најтешка состојба со пандемијата на коронависуот , во следните 15 дена да разгледаат силни мерки за соочување со најавената рецесија.