Во вечерашниот ТВ настап, српскиот претседател Александар Вучиќ, претставувајќи ги новите мерки рекол дека се размислува на секој граѓанин на Србија да му бидат дадени по 100 евра државна помош.

-Станува збор за еднократна помош. Пет милиони граѓани, на секој по 100 евра, тоа се 500 и повеќе милиони евра од државата. Сакаме да ја подигнеме економијата и психологијата, вербата во државата, вербата во економскиот раст. Да видат луѓето дека ќе се кренеме. Потрошувачката да влијае на помал лад на БДП. Тоа е фрлање во бунар, ама ќе биде значајно за трговците и за сиромашните. Замислете ги тие кои се на социјална помош.

Тој истакнал дека била добра идејата кога Србија купила злато и дека сега земјата има 31 тон.

– Србите не можат да веруваат дека Србија е успешна. И понатаму сме сиромашни, но ќе имаме помалку проблеми од другите. Го држиме курсот на денарот. Имаме доволно девизни резерви. Ни се смееја кога реков дека ќе купуваме злато. Е сега Србија има повеќе, зашто ги чуваме резервите за тешките денови, рекол меѓудругото Вучиќ.