На 28 септември 2026 година, во 13 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Јажинце–Тетово, во селото Доброште, се случила сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и патничко возило „голф“.

Според пријавеното, мотоциклот со тетовски регистарски ознаки бил управуван од С.М. (41) од село Доброште, додека „голфот“, исто така со тетовски регистарски ознаки, го управувал Ф.И.Е. (34), исто така од Доброште.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот С.М. и неговиот сопатник Д.Н. од село Глоѓи. Повредите биле констатирани во Клиничката болница Тетово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.