Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија изразува најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх Вартоломеј за синодалниот акт за канонско и евхаристиско единство на ерархијата на МПЦ-ОА со еклисиолошкото име со кое се потврдува вековниот црковен континуитет и најави продолжување на разговорите со СПЦ до уредувањето на конечниот статус на македонската црква.
САС на МПЦ-ОА на денешната вонредна седница, расправал за актуелните настани што се однесуваат на воспоставувањето на евхаристиската заедница на ерархијата, клирот и народот на МПЦ – ОА со православните помесни цркви, како и за конечниот автокефален статус на нашата црква, соопшти канцеларијата на САС на МПЦ – ОА.
– САС на МПЦ – ОА изразува најсрдечна благодарност на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј за Патријаршискиот и Синодален акт за канонско и евхаристиско единство на нашата ерархија, при што, прифаќањето е со еклисиолошкото име со што се обезбедува вековниот
црковен континуитет. Истовремено ја известуваме јавноста дека продолжуваат разговорите со Српската православна црква до уредувањето на конечниот статус на нашата Црква, како и по препорака на Цариградската Патријаршија, која во рамките на светоканонскиот чин и црковно предание треба да се уредат управните прашања помеѓу двете цркви, се неведува во соопштението по вонредната синодска седница.
Синодот на МПЦ-ОА на оваа седница одлучи да се канонизираат двајца македонски преродбеници олицетворени во личностите на Јоаким Крчоски и Кирил Пејчиновиќ – Лешочки.