Познатиот албански истражувач Сазан Гури многу изненади со својата скандалозна хипотеза, со која тврди дека Исус Христос по потекло бил од Албанија.

Гури во својата објава на Фејсбук тврди дека Исус Христос пред да се вознесе на небото носел кече на главата, што е исклучиво симбол на Албанија и Албанците.

-Христос со кече, случајност или…? Многу народи имаат заеднички симболи, знамиња, џубле… Но, кече се знае дека го носи еден народ и само еден голем народ, било да се тоа Дарданите, било да се Илирите, било да се оние од Епир, Арбареши или Албанци. Зарем оваа фотографија не ви го покажува токму ова, пишува Гури во објава на Фејсбук.

Сазан Гури (66) е албански инженер, истражувач, аналитичар, екологист и нафтен геолог. Неговите научни степени се вонреден професор по геонауки и доктор на науки по геологија. Тој деновиве најави дека ќе се кандидира за нов претседател на Албанија.