Документи кои биле пронајдени за време на „специјалната воена операција“ во Украина укажуваат дека постоеле конкретни планови за напад на Русија од територијата на Украина, изјави Дмитри Полјански, првиот заменик на постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации (ОН).

– Можам да кажам дека сега е очигледно оти имаме прокси војна, преку посредници. НАТО води прокси војна со Русија, а не обратно. Тоа е реалноста со која се соочуваме, рече Полански за „Скај њуз“.

Рускиот дипломат, исто така, нагласи дека слични планови се развиваат и за Донбас, пренесе агенцијата РИА Новости.

– Документите на украинскиот генерал што ги добивме укажуваат на тоа, додаде Полјански.

Затоа, според него, Русија задала некој вид на превентивен удар.

– Ова го направивме во целост со членот 51 од Повелбата на ОН и за тоа ги известивме ОН, заклучи Полјански.

Членот 51 од Повелбата на ОН предвидува неотуѓиво право на држава да посегне по воена сила во остварување на правото на самоодбрана во случај на оружен напад, се додека Собетот за безбедност на ОН не преземе неопходни мерки за одржување на меѓународниот мир и безбедност, наведува агенцијата.