На синоќешниот драфт во НБА една од кошаркарските ѕзведи беше Словенецот Лука Дончиќ, феноменалниот бек-шутер на словенечката репрезентација и на Реал Мадрид.

„Ми се оствари сонот“, изјави Лука по спектаклот на купување играчи во НБА одржан во Бруклин.

Каде еден од најталентираните европски кошаркари ја продлжува кариерата?

Дончиќ беше пик на Аталанта, тим за кој две сезони играше нашиот кошаркарски ас Перо Антиќ. Но, бидејќи во Америка се е бизнис, па и играњето кошарка, така и Словенецот мораше набрзо да ја симне погрешната капа од главата, таа на „соколите“ од Атланта, да ја замени со „магичните“ од Далас. За Дончиќ тоа не е нималку важно, важно е да се игра во НБА.

„Кога го слушнав моето име останав без зборови, бев многу среќен зашто уште како дете сонував да играм во НБА“, а сега ќе има можност да игра заедно со една ѕвезда каква што е центарот на Далас, Дирк Новицки.

Германскиот центар ја почнува својата 21 сезона во НБА, а Лука првата. И двајцата ќе имаат задача да се вратат на патот на славата на тексашкиот клуб, а тоа во прв ќе значи играње во плеј оф натпреварите.