Албанскиот премиер Еди Рама скоро на секој настан се подигрува со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, реагира скопјанецот Умејр Муамеди, на срамниот чин што се случи при средбата на двајцата премиери со геранскиот канцелар Олаф Шолц во Грција.

– Еди Рама скоро на секој настан се подигрува со македонскиот премиер Димитар Ковачевскина. Последниот настан на канцеларот Шолц покажувајќи со прст кон Ковачевски рече future West Bulgaria. Таче можеби не е добар премиер, ама каков и да е тој ја претставува Македонија, тој не претставува сите нас. И додека Еди Рама се мајтапи со него се мајтапи со сите нас. Недозволиво е потчинувањето кон премиер на земја со 5 пати помал извоз од Македонија. Еди Рама треба треба да биде прогласен за персона нон грата. А ако не случи ова, Таче треба да си поднесе оставка за да не не понижи повеќе, објавува на маедонски и на албанси јазик, Албанецот Муамеди.

За потсетување, не така одамна Рама се потсмеваше со Ковачевски со „Монтенегро мајтап“, а последниов пат со „Вестерн Бугарија“. Рама може да продолжи да покажува способности за шегобиец, но Ковачевски треба да покаже барем минимум достоинство да се одбрани себе, штом веќе е неуспешен да ја брани честа на Републка Македонија.

(Д.Г.)