Правникот Умејр Муамеди од Скопје го искоментира величењето на Дритан Абазовиќ, новиот премиер на Црна Гора од Албанците во Македонија.
Муамеди вели дека Абазовиќ го користи исклучивло црногорскот јазик во своите излагања, мо е херој за Албанците во Македонија. Истовремено, Муамеди посочува на апсурдната вистина, кога истите Албанци ги понижуваат сограѓаните во Македонија кои ги користат македонскиот јазик.
– Новиот премиер на Црна Гора (Дритан Абазовиќ) во своите објави на социјалните мрежи како и во други излагања го користи исклучиво црногорскиот јазик, ама за некои Албанци од Македонија тој е херој, тој е Албанец патриот, тој го отвори патот за етничка Албанија итн. За истите овие Албанци ако некој Албанец од Македонија го користи исклучиво македонскиот јазик пред албанскиот тогаш тој е предавник, каур, шпион итн. Да, и за мене Абазовиќ е патриот, тој е патриот бидејки ја сака својата држава, бидејки за разлика од овие „големите Албанци“ кои живеат во Македонија, а сонуваат за „Етничка Албанија“ тој храбро се бори за Црна Гора, кој знае да прави разлика помеѓу нација и држава, пишува Муамеди во својата објава на Фејсбук.