Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, говорејќи за социо-економската и енергетска криза, потенцира дека Македонија е можеби една од ретките земји во светот каде платите во воспитно-образовната дејност се многу под платите на полицијата.

Тоа, според Димитриевски, е недозволиво.

– Не сакам да кажам дека платите на полициските службеници се големи, тие ги заслужуваат тие плати, но во секое демократско општество кое има амбиции да се развива првенствено платата на тие кои се во сегментот на образованието треба да биде над нивото на просечните плати и дополнителните плати во секторот на безбедноста, бидејќи сепак тоа се луѓето кои ги создаваат идните генерации, изјави Димитриевски.