Македонија и официјално нема премиер, односно има „британска Кралица“, а премиер де факто е Артан Груби, коментира младиот птавник од Скопје, Ујмер Муамеди за настапот на Груби на косовска ТВ на која ги навредува Македонците.
– Го следам Артан Груби на косовската телевизија РТВ Дукаѓини како им објаснува на Косоварите дека Македонците (како етникум) имаат страв од Бугарите, од Грците, од Албанцие итн. од можни територијални поделби и генерално ги претставува Македонците како фобична нација. Триумфалистички го покажува тоа дека клучните позиции им се земени на Македонците, но не и калот и лошата инфраструктура по албанските населени места, дека нему шеф му е Али Ахмети, а не Димитар Ковачевски. Груби кажа и многу други шовинистички муабети (нешта што не одат ниту во прилог на Албанците, ниту во прилог на Македонците, а на штета на сите), коментира Муамеди.
Значи, додава Муамеди во објавата на Фејсбук, заменик премиерот на Македонија (за него северна) за Македонците зборува како да му се непријатели, а не сограѓани.
– Во вакви моменти премиерот (Ковчевски з.н.) треба да излезе и да даде оставка, бидејќи кога твојот заменик така се претставува треба да му биде срам, а не привилегија дека е премиер. Македонија и официјално нема премиер односно има „британска Кралица“, а де факто премиер е Артан Груби, коментира Муамеди, млад Албанец, интелектуалец од Скопје.
Текстот на албански јазик може да го погледнете ТУКА.