Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, вечерва во гостување на ТВ 21 изјави дека од земјава биле протерани руски државјани поради вмешаност во државните политики.

Според Петровска, институциите имале и докази за нивна вмешаност.

– Изминатиов период Владата донесе неколку одлуки со кои што беа протерани руски државјани поради тоа што имаше докази за нивна вмешаност во државни политики односно функционирање на институции, онаму каде не треба да бидат вклучени. Очигледно се дел од агентура, мрежа на функционирање. Институциите презедоа чекори и мерки за да стават јасно до знаење дека знаат за тоа дејствување и дека тоа овде не е пожелно, рече министерката Петровска.