Ликови како Исмет Рамадани, Мерсељ Биљали, Алберт Муслиу итн, имат најмалку право од сите Албанци да говорат за некаква си дискриминација, вели правникот од Скопје, Ујмер Муамеди.

– Тие од грбот на Македонците имат профитирано повеќе од било кој Албанец. Тоа е исто како (Зоран) Заев да каже дека бил дискриминиран од Албанците, објави Муамеди на својот профил на Фејсбук.

Неговиот коментар се однесува во врска со вчерашниот инцидент во ТВ Канал 5 каде беше гостин и Рамадани, кој се пожали на дискриминација, по што денеска има бурна полемика околу тоа.

(Фото: Фејбук)