Вечерва се гледаме на протестот, вети денеска младиот скопјанец, Ујмер Муамеди и го исполни ветувањето.

Тој на својот профил на Фејсбук објави фотографија со девојка, на која во позадина се гледа протестот што се одржа во Скопје. Муамеди објавува срце, знамето на Македонија и фотографија со девојката од протестот.

Младиот Албанец им покажа со пример на политичарите и на сите останати граѓани како треба да се брани достоинството и иднината на Македонија.