Вечерва се гледаме на протест, гласи пораката на младиот скопјанец, Ујмер Муамеди.

Тој во објавата на својот профил на Фејсбук ја опишува вчерашната случка на негов пријател кој го убедувал дека „на Албанците не треба да им е гајле за Македонија“:

– Вчера на мој пријател кој постојано ми викаше дека ние сме Албанци и не треба да ни е гајле за Македонија му се слоши и викнавме брза помош. Арно ама, брзата помош не дојде ниту од Приштина ниту пак од Тирана туку од 8-ми септември Скопје. Од вчера и на него му стана јасно за кого треба да се бориме. За Македонија. Се гледаме од 19:00!- пишува во објавата на Муамеди на Фејсбук.