Денеска и утре учествувам на Бледскиот стратешки форум, што се одржува во Блед, Словенија. Овогодинешниот форум се одржува под мотото „Моќта да ја обликуваме иднината“ и претставува важна платформа за размена на ставови за иднината на регионот, Европа и светот, наведе министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Фејсбук.
Во рамките на форумот, посочува тој, ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, посветена на геополитичките трансформации што ги редефинираат меѓународните односи.

-Следуваат дискусии и билатерални средби посветени на актуелните геополитички и безбедносни предизвици, регионалната соработка, европската перспектива и натамошното унапредување на партнерствата – додава Муцунски на Фејсбук.
На маргините на настанот, предвидено е министерот Муцунски да оствари повеќе билатерални средби со колеги министри, како и со претставници на меѓународни организации, учесници и гости на форумот.




