Господине Филиповски јас ја следам и Вашата кампања и Вашите две денешни обраќања и гледам толку сте разочарани од работењето во последните четири години во општина Аеродром што сум убеден дека до крајот на кампања и Вие ќе го заокружите бројот 7, потенцираше Тимчо Муцунски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.
Муцунски додаде дека урбанистичкиот план е погрешен, иако за жал беше изгласам од советници на Советот поточно од СДСМ, ДОМ.
„Јас како гласач во општина Аеродром, се сеќавам 2017-тата година токму СДСМ ветуваше дека нема да се изгради зградата кај Мајчин дом. И тука не беше пречка урбанистичкиот план тука слободно можеше Општината да ја купи таа парцела назад од една комерцијална банка и да се направи парк“, рече Муцунски.
Муцунски посочи дека се што СДСМ ќе вети никогаш не се исполнува. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ветува 100.000 м2 нова зелена површина и навистина развој на хумана животна средина во општината.
„Одговорно тврдам дека до 2017-тата година Аеродром беше многу почиста општина и многу позелена општина. Зборуваме за проект наречен „Еко дром“, зелена локална самоуправа со 100.000м2 нова зелена површина која што примарно ќе биде фокусирана на парк во дрвјата во прв реонски центар кој што наместо да добие непотребна и ненаменско планирана општинска зграда ќе биде парк на дрвја со посебни монтесори, содржини за малите дечиња“, рече Муцунски.
Муцунски појасни дека ќе има и парк од 5.000 м2 кај касарната „Гоце Делчев“. Се зборува и за одржување на паркови, општинската служба мора да работи тековно на терен, да се одржуваат.
„Аеродром не е зелен, Аеродром е полн со паркови со жолта боја. Тоа е страшно колку не се работи рационално во таа смисла во делот на менаџментот на актуелната општинска власт предводена од СДСМ. Мораме под итно да се справиме со дивите депонии. Пред се најголем проблем е Вардариште. И тука мора одлична соработка помеѓу Општина Аеродром, Општина Гази Баба и Градот Скопје. Покрај другите мали диви депонии кои што ги има, Вардариште мора да биде прв приоритет“, нагласи Муцунски.
Муцунски побара да се зборува за промена на фасади и кровови. Во Аеродром има кровови во 21 век каде што се уште има азбест.