Доста беше 20 години режим на ДУИ, време е за промена-Коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива кампањата за локалните избори ја започнаа традиционално од Чаир. Со проекти за развој на општините, борба против корупцијата и криминалот и воздигнување на квалитетот на животот кандидатите за градоначалници и за советници од албанскиот опозициски блок ќе се тркаат за победа на престојните избори. Победа во повеќе општини за партијата на Села ќе биде можност за нови парламентарни избори.

Секоја партија си има своја стратегија, ние сметаме дека симболиката е битна за нас, затоа што мислиме дека Чаир сега ќе премине во рацете на Алијанса и Алтернатива. Овие избори мислам дека се многу повеќе од локални избори, се очекува ако се добијат повеќе општини од опозицијата, најверојтно ќе има и ново мнозинство или евентуално нови парламентарни избори можеби напролет. Ова мнозинство функционира со 62 пратеници и никако да се поправи, ако се победи во Скопје и повеќе општини од опозициските партии тоа веќе се подразбира или ново мнозинство или нови парламентарни избори-рече Арбен Таравари, генерален секретар на Алијансата за Албанците.

Беким Сали, кандидат за градоначалник на Чаир од Алијанса и Алтернатива, кој е поддржан од ВМРО-ДПМНЕмеѓу другото ќе се залага забезбедноста во Чаир за која како што вели е доведена под знак прашање.Во својата програма нуди и финансиска помош за основање на мали бизниси кои ќе бидат мултиетички.