Мугабе: Зимбабве нема услови за слободни и фер избори

/ 29.07.2018
Поранешниот долгогодишен водач на Зимбабве Роберт Мугабе (94) денеска изјави дека неговата земја не е слободна, откако минатата есен беше извршен државен удар против него.
Мугабе се обрати до јавноста непосредно пред парламентарните избори закажани за утре. Тој оцени дека земјата е далеку од потребното ниво за да се организираат слoбодни избори и го отфрли тврдењето дека сакал неговата сопруга Грејс Мугабе да го наследи на претседателската функција.
Ова беше првата прес-конференција на Роберт Мугабе откако беше принуден да се повлече од функцијата во полза на  потпретседателот Емерсон Мнангагва. Мугабе беше во сенка во текот на изборната кампања.
Мнангагва, пак, е водечки кандидат на изборите.

Од истата категорија