МУХАМЕД ЗЕКИРИ: И ние како Влада не сме против меѓународна истрага за „Дива населба“

/ 13.11.2019

Лидерот на Самоопределување и кандидат за премиер на Косово, Албин Курти при неодамнешната посета на Скопје, покрај приоритетите за соработка и проекти од заеднички интерес, разговараше и за случајот „Диво Насеље“ со премиерот Зоран Заев.

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, во интервју за емисијата Пресинг на Т7 рече дека Курти побарал од Заев меѓународна истрага за кумановскиот случај „Диво Насеље“.

– Меѓународна истрага е тоа што го бараат и осудените. Ние како Влада апсолутно не сме против. Еве јас ќе кажам, иако не знам дали е добро, и самиот господин Курти на средбата која ја имавме во Скопје со господинот Заев, го побара истото, рече Зеќири.

Новинарот уште еднаш децидно го прашува Зеќири, значи зосподинот Курти побара меѓународна истрага?

– Го побара тоа, и ние апсолутно сме отворени за се, да соработуваме како две држави за да се расветли вистината, за да се дознае што навистина се случи на 9-ти мај, потенцираше потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири.


Од истата категорија