На прес конференција која трае, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, појасни дека т.н. зголемување на платите на образованиот кадар, со кое Заев и СДСМ обилно ќе се користат во пропагандни цели, всушност е своевидна лага. Имено, со најавеното зголемување, просечната плата во образованието ќе изнесува околу 26 000 денари.

Но, истакнува Мицкоски, според Колективниот договор потпишан во 2010 година со Владата на Никола Груевски, односно тогашното МО, предвидени се стапки за зголемување на платите со кои, доколку Владата на Заев ги почитувала, платите во образованието сега би биле на просечно ниво од 31 000 или пет илјади повеќе од 26-те кои ќе се исплаќаат од 1 јануари.