Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се обиде да го стави под притисок големиот ривал Ливерпул поради високите трансфер суми кои Ливерпул ги платија за нови засилувања.
Од јануари, Ливерпул потрошил 250 милиони евра за нови играчи, откако само за Алисон Бекер од Рома даде 65 милиони фунти.
– Мислам дека ако имате пари и ако ги инвестирате добро, подобро е да ги трошите отколку да ги држите во банка. Проблемот е што треба да инвестираш добро. Искрено, според мене, Ливерпул се справи многу добро, затоа што зедоа само квалитетни играчи и јас сум среќен за нив – изјави Мурињо по вчерашната победа над Милан по пенали.
Тој додаде дека од нив оваа сезона веќе ќе се очекува да станат шампиони.
– Треба да го признаеме тоа, бидејќи клуб кој прави такви инвестиции, нормално е да се бори за титулата. Тие почнаа уште во јануари и не мислам дека во моментов има друг клуб во Премиер лигата, кој прави толку големи инвестиции. Тимот кој играше во финалето во Лигата на шампионите, веќе е кандидат за титулата во првенството. Треба да ја освојат – додаде Жозе.