Не можам да бидам тренер на тим кој веќе има тренер, одговори Жозе Мурињо на прашањето како ги коментира шпекулациите дека може да се врати во Реал Мадрид, ако Реал го разреши Зинедин Зидан.
Мадриѓаните не ја почнаа сезонава како што посакуваа, имаат и многу повредени играчи, па притисокот врз Зидан е огромен. Мурињо не мисли дека ситуацијата во „кралскиот клуб“ е толку лоша.
„Реал е трети или четврти на табелата, блиску е до првото место, тоа не е лошо. Ако ја победат Севилја в недела, ќе ја поминат. Барса е зад нив, а Атлетико им бега само еден бод. Зидан одамна е во фудбалот, навикнат е да живее со ваков тип на шпекулации. Не ми се допаѓа што се спомнува моето име. Не можеам да бидам тренер во клуб кој има тренер. Треба да се има почит кон Зидан кој не е анонимус. Би сакал таму работите да тргнат кон подобро“ – рече Мурињо.