Тренерот на Рома, Жозе Мурињо проговори за неговиот пат во кариерата и за посветеноста кон работата во неговиот нов клуб – Рома.
– Сега станав многу подобар. Сериозен сум. Мислам дека искуството значи многу во тренерската работа. Ве тера да ја гледате секоја ситуација како да ви се случила веќе. Поминав низ многу нешта по напуштањето на Италија. Отидов во Реал Мадрид и тоа беше неверојатно искуство. Таму го остварив својот сон освојувајќи титули во Италија, Англија и Шпанија. Потоа повторно дојдов во Англија, бидејќи моето семејство живее таму.
Во Англија имам дури и многу посебно искуство – да го однесам тимот до едно финале и да не играм во него. Мислев дека ова никогаш нема да ми се случи, но се случи, изјави Мурињо.
Со него на тренерското место, Тотенхем избори финале во англискиот Лига куп, па доби отказ од раководството на Спарс, наводно поради неговото противење за проектот Суперлига.