Новиот директор на Агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу во изјава за Аласат-М вели дека не може да ги коментира забелешките од ДУИ за неговото назначување од страна на претседателот Стево Пендаровски.
Муслиу објасни дека потребно е да се почека одлуката да излезе во Службен весник и неговата директорска функција да се официјализира.
– Не можам да дадам изјава сѐ додека не видам дека одлуката за мое именување, директор на Агенцијата за разузнавање е излезена во Службен весник. Нема проблем, од понеделник ви стојам на располагање, изјави Муслиу.
Вели дека не е запознаен со денешната изјава на вицепремиерот Бујар Османи дека ДУИ не се согласува со одлуката да биде поставен на оваа функција.
– Не сум ја прочитал таа изјава на вицепремиерот Бујар Османи, меѓутоа вчера слушнавте, имаше став и од претседателот, јас сум именуван од претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски, рече Муслиу.
Прашан за коментир на изјавите на ДУИ, Муслиу одговори дека „не знае кој е ставот на политичката партија ДУИ, но колку што знае тие се заедно во влада со СДСМ, односно го поддржаа претседателот Стево Пендаровски“.