Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“, поради протестот од приватните автобуски превозници од 6 часот изутринава.
Како што информира МВР, посебен сообраќаен режим ќе има од крстосницата на „Илинден“ со булеварот „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со булварот „8 Септември“ и околните улици.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници.