Во Кичево синоќа бил физички нападнат малолетник од страна на четири лица.
Б.С.(57) од кичевското село Трапчин дол, пријавил дека на 15- ти декември во 00.20 часот, на ул.„11 Октомври“ во Кичево, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од страна на четири лица.
– Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, наведе портпаролот на СВР- Охрид Стефан Димоски.