Велешкиот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ традиционално одржа панихида во чест на Миле Поп Јорданов, велешкиот великан кој не изгуби малку, не изгуби многу туку изгуби сѐ.

– Поради неговата прерана смрт водејќи се од идејата за слободна Македонија, тој не создаде семејство, не создаде пород, но не создаде сите нас! Сите ние сме дел од идејата на Миле Поп Јорданов! Бог да го прости Миле Поп Јорданов, Миле Поп Јорданов за народ загина, за народ загина за Македонија, напиша на Фејсбук Игор Здравковски.