Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот, поради официјална посета на претседателката на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република, Маркета Пекарова Адамова.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.