И во последниот билтен на МВР има пријава за нападнат граѓанин од кучиња скитници, чие присуство е особено забележително сега кога улиците се празни поради полицискиот час.
Вчера во 17,30 часот во Полициската станица Аеродром З.С.(21) од Скопје пријавила дека на улицата Симеон Кавракиров била касната од куче скитник во пределот на левата рака.
Ваквите вести станаа секојдневие, а реакциите на здруженијата и граѓаните кои водат грижа за животните скитници се секогаш поголеми кога несовесен граѓанин ќе нападне кучиња, но не и кога деца и возрасни стануваат жртви на кучињата скитници низ градот.
Проблемот постои и треба да се решава од луѓето, бидејќи револтот кај загрозените граѓани предизвикува „одмазда“ кон животните.