Две лица се повредени од кои едно потешко при пад од мотоцикл вчера на лoкалниот пат с.Г.Коњаре-с.Четирце.

Како што соопшти МВР, четириесет и тригодишниот Б.Ј. од с.Четирце-кумановско, се здобил со тешки телесни повреди, откако изгубил контрола над мотоцикл „jамаха“ со кумановски регистарски ознаки кој го управувал, при што паднал на коловозот. Со повреди се здобил и 17-годишен сопатник, по што двајцата биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување лекарска помош.

Случајот бил пријавен во полиција вчера во 17.30 часот. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.