Забраната за движење од 22 часот  на 18 март 2021 до 05 часот утрово не ја почитувале 15 лица, информираа денеска од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 533 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.