Во полицискиот билтен и денеска се регистрирани два напада од улични кучиња во Скопје и во Кичево.

На 05.06.2020 Н.Т.(41) од Кичево, во полициската станица пријавила дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, била нападната од куче скитник.

Во Полициската станица Чаир вчера во 14:30 часот, Д.Д.(18) од Скопје пријавил дека пред игралиштето во с.Радишани бил каснат од куче скитник.

Речиси нема ден да нема пријавени напади од улични кучиња, особено во Скопје, но и во другите градови и општини.