Од 11 јуни после 16 часот до 15 јуни до 20 часот нема да биде во функција системот за прием и издавање на лична карта, пасош и возачка дозвола во Скопје поради надградба на системот за лични документи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Граѓаните од подрачјето на град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11 јуни по 16 часот, тоа да го сторат пред овој термин во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ истиот ден (11. 06. 2021 година) до 16 часот.

Граѓаните кои пак имаат закажан термин за 14 јуни правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат денеска на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано. Оние коии имаат закажан термин за 15 јуни правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат утре на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.

МВР ги информираат граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 11 јуни до 16 часот или од 16 јуни 2021 година.