Во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изречени се вкупно 339 санкции.

Од МВР денеска соопштија дека без возачка дозвола казнети се 22 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење се 108 прекршоци, а технички неисправни и нерегистрирани возила се 16.

Санкционирани се и седум мотоциклисти, изречени се и 73 мерки за непрописно паркирање, како и 84 казни за неносење на заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат во соопштението од МВР.