На територијата на град Скопје вчера изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 103 санкции, шест за возење без возачка дозвола.

Од МВР денеска соопштија дека се изречени 21 санкција за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Засилените сообраќајни контролим најавија од МВР, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.