Пред 118 години загинал македонскиот херој Гоце Делчев, објави денеска
Руската амбасада во Македонија по повод загинувањето на македонскиот великан.

-Пред 118 години загинал македонскиот народен херој, Гоце Делчев. Идеалите на борбата за слобода, на кои овој извонреден револуционер им го посветил својот живот, се релевантни во секое време, пишува во објавата од Руската амбасада на социјалните мрежи.