Утрово од 00:00 часот до 04:00 часот констатирано е дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од МВР, пак, информираат дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 104 прекршоци.

Нејасно е во соопштението каде се случиле прекршоците за неносење маска, ако се има предвид дека е укината обврската за задолжително носење на отворен простор.