Усогласени се ставовите на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителната министерка Славјанка Петровска за началниците и нивните дополнителни заменици во секторите за внатрешни работи во Охрид, Штип, Битола, Велес, Струмица, и во Одделението за внатрешни работи во Прилеп, но не и за началникот на СВР Скопје.
Потписи за именување на началниците и нивните дополнителни заменици, што се прави согласно Законот за Влада, а во услови кога со земјата управува техничка Влада, сто дена пред избори, Чулев и Петровска, како што потврдија за МИА доброупатени извори, ставиле за началниците и дополнителните заменици на СВР Охрид, Штип, Битола, Велес, Струмица, Одделот во Прилеп, но и за раководните позиции на Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за специјални полициски операции во БЈБ, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ, на Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, како и за командатот на единица за специјални задачи во Оддел за специјални полициски операции во БЈБ
Илија Милески е именуван за началник на СВР Охрид, а Сашо Смилески за дополнителен заменик-началник, Александар Николов е именуван за началник на СВР Штип, а Марјан Коцев за дополнителен заменик началник. Андреј Василевски ќе ја извршува функцијата началник на СВР Битола, а Славко Јовановски дополнителен заменик началник на овој Сектор. Трајче Георгиоски ќе биде началник на Одделот за внатрешни работи Прилеп во СВР Битола, а Игор Каравилоски дополнителен заменик началник.
Игор Ангеловски е нов началник на СВР Велес, а Злате Јаневски дополнителен заменик началник. Васил Тодоров е именувани за началник на СВР Струмица, а Танчо Пројковски за дополнителен заменик началник на овој Сектор.
Филип Филиповски ќе биде помошник на министерот на Одделот за внатрешна контрола криминилистички истраги и професионални стандарди, Дејан Андонов дополнителен заменик помошник во овој Оддел. Сашо Зенговски ќе биде началник на Одделот за специјални полициски операции во БЈБ, а Бранко Трајановски дополнителен заменик началник на овој Оддел.
Ивица Бисовски се именува на работно место командант на единица за специјални задачи во Одделот за специјални полициски операции во БЈБ, а Митко Таневски за дополнителен заменик командант во истиот Оддел.
Александар Јанев се именува за началник на Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ, а Лазо Велковски се именува за дополнителен заменик началник во овој Оддел.
Васко Наумовски ќе биде началник на Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје во БЈБ, а Примислав Димовски дополнителен заменик началник во оваа Единица.
Заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на Секторот за внатрешни работи во Скопје, што беше предлог на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Таа за МИА вели дека се одлучила на овој чекор бидејќи Ставревски имало аудио снимки од кои можело да се чуе дека тој врши притисоци врз гласачи. Тони Јакимовски е дополнителениот заменик-началник на СВР Скопје.